Summary: Се воведува множеството од прородни броеви
Note: Your browser may not currently support MathML. See our browser support page for additional details. You can always view the correct math in the PDF version.
Броевите
се нарекува множество природни броеви.
Поимот за природен број се смета за интуитивно јасен и тоа се броеви со кои човекот се запознава најпрво во животот по природен пат, преку наједноставно броење и пребројување на објектите од својата околина. Во множеството на природни броеви постои најмал елемент, тоа е бројот
Природните броеви можат да бидат парни или непарни. Парните броеви се претставуваат во обликот
Квадратот на парен број е паран број, а квадратот на непарен број е непарeн.
Ако бројот е парен, тој се запишува како
Исто така и за квадратот на непарен број се покажува дека е непарен број бидејќи
За можеството природни броеви се вели дека е преброиво множество и преброивоста е мерка за неговата моќ или негов кардинален број. Секое множество еквивалентно со него исто така е преброиво множество. Од природните броеви може да се формираат бесконечно многу подмножества кои се нарекуваат низи а некои од нив на пример се:
низа од сите природни броеви:
низа од непарни природни броеви:
низа од парни прородни броеви:
Бидејќи преброивоста на множеството ја искажува можноста неговите елементи да се подредат по големина во низа, затоа може да се каже дека природни броеви има исто толку многу колку што има парни или пак непарни природни броеви. Ова тврдење се темели на фактот дека сите елементи на овие множества се подредени по големина во низа, а тоа овозможува нивно пребројување. Од овој пример се гледа дека кај бесконечните множества не мора да важи очигледниот став дека “целото е поголемо од својот дел”, став кој е точен само за конечните множества. Кај конечните множества кардиналниот број е еднаков со бројот на неговите елементи.
Природните броеви може да се поделат на прости и сложени. Простите броеви се делат сами со себе и со единицата (тривијални делители), додека сложените имаат и други делители различни од тривијалните. Бројот
Љубителите на математиката се одушевени - со помош на грид-мрежа која се состоела од 240.000 умрежени компјутери, истражувачите дошле до најголемиот до сега познат прост број. Станува за бројот 2 на 224,036,583-та минус 1. Бројот има 7.235,733 цифри и е за околу милион цифри поголем од претходно откриениот.