Со појавата на првите компјутери се појавува потребата од пишување на програми преку кои ќе функционираат деловите од компјутерот. Во тоа време програмерите програмираа на многу неприроден начин, комбинирајќи низи од 0 и 1, користејќи го т.н. машински јазик.
Подоцна програмерите согледуваат дека од секој блок на 0 и 1 може да се искомбинираат наредби-зборови кои ќе се многу поразбирливи и полесно ќе се применуваат во текот на пишувањето на програмите. Ваквиот програмски јазик е познат како assembler.
![]() |
Со тек на времето се појавуваат т.н. програмски јазици на високо-ниво, кои му нудат на програмерот множество на инструкции кои се лесно разбирливи, а исто така се доволно прецизни и едноставни за компјутерот да може да ги разбере (овде спаѓаат FORTRAN, COBOL, PASCAL…).
Создаден во 1970 година од програмерот Денис Ричи (Dennis Ritchie) и Брајан Керниган (Brian Kernighan) од лабораториите Бел (AT&T Bell Labs) 1972. Негов предок е јазикот B, развиен од Кен Томсон (Ken Thompson) во 1970 година.
ALGOL 60 -> CPL -> BCPL -> B -> C.
![]() |
![]() |
![]() |
C бил почетно дизајниран за пишување на оперативни системи. Јазикот бил екстремно едноставен и флексибилен, така што тој подоцна се користи за пишување на најразлични програми. Поради овие причини јазикот станува најпопуларен програмски јазик во светот.
Идејата за креирањето на програмскиот јазик C е давањето на слобода на програмерот при организацијата и пишувањето на програмата, односно да го напише кодот (програмот) на начин кој е разбирлив за него, а и за останатите програмери. По пишувањето на програмата се користи компајлер кој ја преведува програмата во машински код кој е лесно разбирлив за компјутерот.
![]() |










